Кочани, 31.05.2017
Современ кабинет по роботика доби денеска Општинското средно училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани. Кабинетот е подарок од ротари лубот Кочани-Виница кој и порано се има пројавувано со хумани донации во интерес пред се на младите и граѓаните од општините Кочани и Виница, а вредноста на истиот е 7.500 евра.
-Ова е еден многу значаен влог на ротари клубот во образованието, во иднината на младите, што е најдобра инвестиција воопшто. Ние го подржуваме образованието зашто младите и нивното знаење се нашата иднина, рече д-р Кирил Шуперлиски, претседател на Ротари клубот.
Димче Сребренов, директорот на ова училиште и се заблагодари на едукаторите од Србија и од Словенија кои неколку дена ги упатуваа професорите во тајните на роботиката. „Соработката со Ротари клубот трае три години, сега со овој кабинет учениците ќе се едуцираат на полето на роботиката, нивното знаење ќе најде примена во поголем број струки, овде ќе се изучува автоматика, роботика, електроника. Со отворањето на овој кабинет ние се приклучуваме кон Слове нија, Хрватска и Србија, земји во чии технички училишта постојат вакви кабинети, рече Сребренов.
Ученици од ова училиште промовираа свои решенија со помош на роботиката што наиде на силно одобрување на присутните, меѓу кои беа и градонаќалниците на Кочани и Виница, Ратко Димитровски и Емил Дончев, првите луѓе на рудникот „Саса“, главните менаџери на виничката компанија „Мак Прогрес“, други претставници на бизнис заедницата, директори на основни училишта од Кочани и Виница и професори.