Штип, 12.09.2025
Комбе кое превезувало работници утринава паднало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш. Според првичните информации има починати и повредени лица.
Бројни возила на штипската брза помош поитаа кон местото на несреќата за да им укажат помош на повредените, а во во моментов на местото на трагедијата се и тим од пожарникарите на ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во овој град.
За тоа колку патници имало во комбето, на која фирма било истото и која е причината за несреќата повеќе информации се очекуваат во текот на денот.