Четири лица добија краткотраен притвор од 48 часа во врска со големиот пожар што се случи во отпад за пластика, батерии и електронски отпад во Трубарево. Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје притворени се 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишен раководител на подружница и 59-годишен вработен во правно лице, а се испитува и потенцијална одговорност и на други лица.
Тие се осомничени дека заднички учествувале во кривично дело за загрозување на животната средина и природата со отпад.
Од Обвинителството информираат и дека во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина