Заклучно со 20:30 часот, на територијата на државава се евидентирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, под контрола се 2 пожари, додека 15 сe изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има на територија на Општина Гази Баба во село Виниче, гори нискостеблеста шума. Потоа во општина Гевгелија на Кожуф планина кај село Петрово.
Останатите активни пожари се во општините Зелениково, Јагуновце и Брвеница каде што најмногу гори ниска вегетација, ѓубре и борови насади.
Под контрола се ставени пожарите во село Трубарево каде гореше електричен отпад. И дополнително пожарот на депонијата Дрисла е ставен под целосна контрола.