Предлог за поведување дисциплинска постапка за 11 полицајци од Велес за случајот со Росица Коцева

Министерството за внатрешни работи поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за 11 вработени во СВР Велес по наоди од внатрешна контрола за непостапување целосно согласно законските обврски и процедури по претходните пријави на жртвата Росица Коцева.

Контролата покажала дека во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, а против пријавениот била поднесена кривична пријава која завршила со условна пресуда. Сепак, во дел од претходните пријави биле утврдени пропусти.

За наодите е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press