АВМУ поведе прекршочни постапки против два медиуми заради прекршување на изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги информира дека одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од локалните избори.

Според АВМУ, двете телевизии на 19 октомври, при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власта. ТВ Вистел во два наврати емитуваше прес-конференција на министерот Тошковски, додека ТВ 24 Вести во Вестите во 10 часот емитуваше изјава од истиот министер.

Советот на Агенцијата одлуката ја донел врз основа на извештаите од мониторингот над изборното медиумско претставување.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press