Димитријевиќ го нема на списокот на Шпанецот, Македонија ќе тренира во „Градски Парк“ – првиот тренинг е затворен!

Новиот селектор на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од претквалификациите за Евробаскет 2029.

Македонија игра против Луксембург (во Скопје) и со Азербејџан (во Баку). Шпанецот ќе смета на 16.кошаркари, а меѓу нив го нема Ненад Димитријевиќ.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот официјален собир-тренинг е закажан за 23. февруари (понеделник), со почеток во 10. часот, во салата „Градски парк“ (ќе биде од затворен карактер).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press