Авто-камп „Ас“ – за охригани и стружани од земјотресите – спас!

Струга, 10. јули 2017

(Исток прес) – Авто-кампот „Ас“, вистинскиот ас кога станува збор за сместување на отворено, официјално е  во Општина Струга. Но тој, не е многу далеку и од Охрид, така што за жителите на двата града, важи истата кованица смислена деновиве: Авто-камп „Ас“ –  за охригани и стружани од земјотресите – спас!

Авто-камп „Ас“, досега беше рекламиран како атракција за странските гости, последниве неколку денови, добива нов атрибут: Спас за домаќините, односно за охригани, кои живеат под стрес од земјотресите. Можеби – и за самите стружани, кои од ноќеска ја презедоа земјотресната “штафета”!

017Авто-кампот,  во моментов е поприлично полн, особено во приколките со летувачи од Скопје и другите македонски градови. Ги има и од странство, посебно од Холандија, кои велат дека овдека, како љубители на природата, им е најубаво.

Деновиве, особена живост внесоа и камперите ги доживуваат како атракција младите летувалци, кои организирано, во тури доагаат, преку светскиот познатиот тур-операторски бренд “Кентаки”.

a02Ги има, практично од целиот свет, се собираат во Амстердам, и од тука патуваат по Јужна Европа.

Охрид, односно Струга им се незаобиколна дестинација. Одтука заминуваат за Албанија, па Грција и назад, преку Отронска врата на Јадранот,  во Италија.

Неверојатно организирани, имаат бројна публика од камперите, кои со восхит гледаат како за 5 минути го празнат автубусот, наредните десет се веќе поставени шаторите, а за тоа време посебна екипа, веќе направила комплетна кујна, со сите потребштини – се до скара за македонски кепап и плескавица.

a01„Драго ни е што успеаваме во нашиот крај да ги вратиме холанѓаните, посебно љубителите на природата. Но децата кои континуирано доагаат преку “Кентаки”, ни се посебна милост и атракција, затоа сто кога тие доагаат и за останатите кампери е тоа настан“, вели за Макфакс, Крсте Трпеноски, раководителот на кампот, кој се грижи на сите да им излезе во пресрет, сите да ги праша што им недостасува.

-„На гостите, особено оние од странство, им ги презентираме услугите на кампот и на хотел “Дрим”, под чиј бренд работиме ние. Таму можат да одат на вечерна забава, да ја вкусат нашата надалеку подната кујна, особено со македонски специјалитети. Редовно ги  запознаваме со  убавините, културните богатства,  што ги нуди градот но и Македонија, додава Трпеноски.

Големиот интерес време на летниот период за посета на кампот од страна на различни гости ни дава уште голем потик  да инвестираме во него,  иако во моментов има добри услови за престој.

-“Особено се атрактивнит дрвените куќи, со две големини, за две лица, односно цело семејство, кои се комплетно уредени со стандард од високи перформанси.Тие се посебно барани, веќе имаме проект и заокружена финасиска конструкција за уште еден голем комплекс од педесетина куќи, но поради административни бариери, сеуште не сме влегле во реализација на зафатот”, забележува Трпеноски, искусен туристички работник од Струга.

Овде, напоменуваат дека и во  иднина ќе се залагаат да ја вратат навиката-луѓето наместо да престојуваат  во хотели летниот одмор се повеќе да го поминуваат во кампување, посебно оние гости кои се љубители на природата.

Особено што автокампот “Ас”, е во комплиментарна сопстеничка конекција со хотелите “Дрим” и “Београд”.

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе