Кочани, 17.07.2017
Ниту едно дете не се одзва на повикот на Општина Кочани за бесплатни курсеви за пливање. Огласот важеше до 15 овој месец, а право да се пријават имаа деца од социјално ранливи категории. Во Кочани коментираат дека децата, а и нивните родители, се срамат од сиромаштијата и не сакаат јавно да ја промовираат својата беда.
Оваа состојба беше воспоставена пред седум години, но годинава нема да има таков курс. Ако на почетокот имаше околу 30-40 пријавени деца, минатата година курсот беше за само едно дете.
На родителите од вакви семејства дополнителен товар им е тоа што мора да вадат документ со кој докажуваат дека најмалку еден од родителите е невработен. А тое е услов за бесплатно да се учи пливање.
Летово Градскиот базен е најпосетеното место за дневен одмор и рекреација на кочанци, а тука е и езерото Гратче со истоимениот Евро хотел и сите содржини кои ги пружа природата со вештачкото езеро и спомнатиот хотел.