Театар чекори: Премиера на претставата „Марта“

На 30 март 2026 година (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во Дом на култура „Димитар Влахов“ – Автокоманда, ќе се одржи премиерата на театарската претстава „МАРТА“.

„Марта” според делото „Марта пред огледалото“ претставува интимен театарски запис односно покана за влез во дневникот на една млада тинејџерка која се соочува со анорексија. Преку нејзината перспектива, публиката сведочи на тивката, но длабока внатрешна борба што често останува невидлива за околината.

Делото е збогатено со монолози и искуства на самите актери, што дополнително ја продлабочува емоционалната димензија на приказната и ја прави поавтентична и блиска до публиката.

Претставата не е само приказна, таа е протест и повик за будење. Таа алармира за важноста од навремена реакција, разбирање и поддршка, како за оние кои се соочуваат со оваа состојба, така и за нивните блиски.

Автор на текстот е Тереса Кало Фонтан, а режијата и драмтизација, Маја Ѓурчевска.

Во претставата играат: Нина Неделковска, Зорица Станковска, Петар Мароски, Магдалена Пејова, Ана Шапкарова и Марија Димитрова

Светло: Никола Димевски
Тон: Надица Дивјакоска

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press