Вечното фудбалско дерби помеѓу Пелистер и Вардар зааврши без победник, но и без посакуваната игра на теренот. Во 90. минути игра не видовме ниту еден гол, па на крајот најголем победник е домашниот тим кој успеа на лидерот да му скине бод и да го стави во позиција која веќе не значи стабилност на врвот.
Овој дуел се највуваше со денови, Битола се подготвуваше за спектакл, а очекувањата беа дека на трибината која беше резервирана за гостински навивачи ќе биде исполнета. Но, тоа не се случи. Малиот број на членови на „Комити“, но и ремито беше доволна причина за да битолчани им фатат сеир.
