Грција рано утрово извлече тела на 12 загинати мигранти од брод што пловел во близина на островот Крит, соопшти крајбрежната стража. Засега не е јасно како настрадале мигрантите.
Крајбрежната стража спаси уште 18 лица од бродот, на околу 15 наутички милји од пристаништето Калои Лименес, како и десетици други во два одделни инциденти кај Крит, изјави претставник на крајбрежната стража, додавајќи дека сите тие ќе бидат пренесени на копно.
Грција, која со години е претпочитана влезна точка кон Европа за мигрантите и бегалците од Блискиот Исток, Африка и Азија, беше на првата линија на европската миграциска криза во 2015-2016 година, кога речиси 1 милион луѓе пристигнаа на нејзините острови, главно од Турција.
Вкупниот број на пристигнувања на мигранти оттогаш е намален, бидејќи Атина ги засили поморските и граничните патроли, но се зголеми бројот на мигранти кои пристигнуваат по морски пат од североисточна Либија, обидувајќи се да стигнат до Европа преку Крит.
