Штип, 30.04.2026
На 10 мај на стадионот „Кежовица“, во 12 часот, ќе се одржи меѓународен турнир во пеливанско борење под наслов „Трофеј Штип„ кој, според прославениот штипски и македонски борач Дејан Митров, ќе прерасне во меѓународен и ќе биде традиционелен.
-За овој турнир постои голем интерес во нашата држава но и во некои нам пријателски земји. На турнирот ќе настапат околу 70 пеливани од сите македонски клубови како и од Бугарија, Србија, Турција и Косово. Зад овој настан стоиме јас и група ентусијасти со кои формиравме пеливански клуб и од таа позиција инициравме да го имаме турнирот „Трофеј Штип“. Од Штип ќе настапат Тоше Ѓорѓиевски, Дарио Димитров, Саше Арсов, Филип Тодоров, Андреј Трајчов. Стојанче и Стефан Стојковски, вели Митров.
Трофејниот борач Митров додава ддека за организација на еден ваков голем трурнир добиле помош од општината но и од општествено одговорни фирми како и од негови пријатели кои сами се понудиле да помогнат.
Од Штип ќе настапат Тоше Ѓорѓиевски, Дарио Димитров, Саше Арсов, Филип Тодоров, Андреј Трајчов. Стојанче и Стефан Стојковски. Околу теренот на ФК „Кежовица“ организаторот ќе постави штандови со пијалоци, кафе и скара.
-Учесниците настапуваат во кожени пантолони специјално изработени во Турција, а мачкањето на телото со масло е традиционално за да го отежне изведувањето на зафатите. Победник е оној кој својот противник ќе го доведе во положба сонцето да му го види папокот, односно ако го сврти на грб, вели Митров кој со овој спорт се занимава 26 години, а настапувал на турнири во Турција, Германија, Косово, Грција и Албанија. Тој бил балкански шампион четири пати, а за најдобар пеливан е прогласуван повеќе пати. Митров укажува на фактот дека основоположник на пеливанското борење е Турција.
Овој атрактивен и привлечен за гледање спорт полека но сигурно се развива и во нашата држава.
-Идејата за турнирот „Трофеј Штип“ е да достигнеме ниво какво што е на најмасовните турнири во Турција и да стигнеме до можноста такви турнири да одржуваме на Градскиот стадион и тој да бие исполнет со публика до последно место, вели Митров.
За најдобрите тројца во секоја категорија ќе има пехари, медали и парични награди. Дејан Митров ја поканува штипската публика да дојде на турнирот и да ги бодри штипските борачи-пеливани и да ужива во интересни и атрактивни борби.
Околу теренот организаторот ќе постави штандови со пијалоци, кафе и скара.
