Во новиот билет на Кошаркарската федерација на Македонија, комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ покрај редовните казни според пропозициите за екипите, изрече суспензии за судии.
Два арбитри добија суспензија во сите лиги поради недозволно извршување на својата задача после прегледување на видео материјал од страна на контролор. Едниот доби забрана за вршење на должност од четири меча, додека вториот нема да може да суди во следните два, во сите лиги. Овие судиите беа делегирани на мечеви од полуфиналето на плеј-офот во Прва лига жени.
Уште четворца судии добија збрана на вршење на должност од еден натпревар во сите лиги по проверка на снимка од меч на контрол, истите се однесуваат во машката плеј-аут лига.
Екипата на Бакет Кам заработи парична казна од 30.000 денари . Поради објасување на содржина на официјални канали на клубот, а истите се однесуваат на службените лица и се доведува во прашање работата на организте на натпреварување ќе мора да плати 10.000 денари, додека пак 20.000 денари истиот тим ќе плати за истата постапка.
