Камион се запалил на автопат во Хрватска, возачот наводно е од Македонија

Во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Хрватска загинал македонски државјанин, возач на камион, јавуваат хрватските медиуми. Несреќата се случла вчера пред 15 часот на автопатот недалеку од Славонски Брод, каде камион со странски регистарски таблички, кој се движел кон Славонски Брод кога, од непознати причини се запалил. Возилото за многу кратко време целосно било зафатено од пламен, а се слушнале и експлозии.

Како резултат на ударот, камионот ја пробил заштитната ограда на автопатот и речиси преминал на спротивната лента и удрил во столб од далновод.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, очевидци на настанот изјавиле дека возачите и другите учесници во сообраќајот кои биле на местото на несреќата се обиделе да му помогнат на возачот, но поради интензитетот на пожарот и детонациите, не можеле да стигнат до него.

Според неофицијални информации, возачот бил заробен во возилото и починал, а наводно е државјанин на Македонија. Веројатно е дека во камионот немало друго лице.

Сите служби за итни случаи веднаш излегле на местото на настанот, а хрватските институции најавуваат истрага за да се разјаснат сите околности и точната причина за оваа несреќа.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press