Построги правила за административците: Што носат измените усвоени во Собранието?

Административните службеници кои две години по ред ќе добијат оценка „1 – не задоволува“ ќе останат без работа по сила на закон. Ова е една од новините предвидени со законските измени што Собранието ги усвои по скратена постапка, а кои ги опфаќаат оценувањето, унапредувањето и дисциплинската одговорност во администрацијата.

Со измените се укинува можноста за унапредување без објавување интерен оглас. Целта е да се обезбедат еднакви можности за службениците и напредување врз основа на заслуги и резултати.

Од власта оценуваат дека законските решенија ги отстрануваат претходните пропусти и овозможуваат поефикасна примена на прописите. Опозициската СДСМ, пак, предупредува дека дел од одредбите може да создадат простор за политички притисоци врз административните службеници.

Предвидени се и решенија за побрзо и поекономично спроведување на постапките, без неоправдано одолговлекување, со задржување на правото на жалба.

Законските измени го уредуваат и статусот на вработените во Службата на Собранието и во регулаторните тела, со цел усогласување со статусот на другите посебни државни службеници.

…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе