Гостување на Македонска филхармонија во Струга

Оркестарот на Македонската филхармонија, утревечер со почеток во 19 часот ќе настапи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со што ја продолжува својата мисија за промоција на класичната музика во градовите низ државата.

Овојпат, пред струшката публика, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, Македонската филхармонија ќе се претстави со музика од балети, а ќе бидат изведени Суита бр.2 од балетот „Лабин и Дојрана” од македонскиот композитор Трајко Прокопиев, Полонеза, Валс, Танц на четирите лебеди и Шпански танец од балетот „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски, Па де де од балетот „Дон Кихот“ на Лудвиг Минкус и „Валпургиска ноќ“, балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно.

Гостување на оркестарот на Македонската филхармонија се реализира во соработка со градоначалникот на општина Струга, Менди Ќура.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press