Лудо славје на фудбалерите на Арсенал после судискиот свиреж (ВИДЕО)

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински терен кај Борнмут и со тоа остана на 78 бода, четири помалку од Арсенал пред последното коло од Премиер лигата.

На тимот на Пеп Гвардиола му беше потребна победа во овој натпревар за да остане во трката за титулата, а вака Арсенал повторно го освои трофејот од Премиер-лигата по 22 години чекање.

Фудбалерите на Арсенал го следеа овој натпревар, а кога официјално станаа шампиони, почнаа лудо да ја слават титулата. Објавено е видео од големата прослава на играчите.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press