Погледнете го контроверзниот прекин: Усик едвај ја одбрани титулата против дебитантот (ВИДЕО)

Александр Усик едвај ја одбрани својата титула во тешка категорија после иконтроверзна победа во 11-та рунда со прекин против дебитантот Рик Верховен.

Холанѓанецот, за кого ова беше само втора професионална боксерска борба, беше поагресивен во поголемиот дел од натпреварот и пружи изненадувачки силен отпор, а во моментот пред прекинот беше во предност.Во неочекувано напнат дуел, украинскиот боксер го засили темпото во 11-та рунда и го испрати Холанѓанецот на подот со моќен лев аперкат. Верховен стана пред да заврши броењето, но судијата одлучи да ја прекине борбата по серијата удари на Усик во последните секунди од рундата. Многумина веруваат дека оваа одлука била премногу строга кон предизвикувачот.

Резултатт во моментот на паузата гласеа 95-95, 95-95 и 96-94 во корист на Верховен.

„Ова беше тешка борба. Добра борба“, рече Усик кратко по натпреварот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press