Четворица загинати во авионска несреќа во Хрватска, авионот направил пируета пред да се урне

Четири лица загинаа во пад на мал авион во областа Кампанож во хрватска во близина на спортски аеродром, пренесува Н1 Хрватска.

Според неофицијални информации, станува збор за мал германски авион кој полетал од Австрија, а крајна дестинација му била градот Медулин. Се очекува деталите за несреќата да бидат познати вечерва откако истражителите од хрватскатта Агенција за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај ќе пристигнат на местото на несреќата.

Од хрватската противпожарна служба посочиле дека, покрај екипите на Службата за итна медицинска помош и полицијата, на местото на настанот биле испратени три противпожаррни возила.

Командантот на Проттивпожарната служба на градот Пула, Ивица Ројниќ, потврдил за Н1 дека четири лица загинале во падот на авионот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press