Спортската јавност беше згрозена од настаните во петтиот натпревар од финалето на грчката лига помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, а некои од казните за сторителите на инцидентите се познати.
Комитетот за спречување на насилство изрече ригорозни казни за главните актери на инцидентите во арената ОАКА – Кендрик Нан и Тајрик Џонс, како и за самите клубови, Панатинаикос и Олимпијакос.
Центарот на Олимпијакос Џонс беше казнет со вкупно 100.000 евра, додека првата ѕвезда на Панатинаикос Нан ќе мора да плати 50.000 евра.
Треба да се додаде дека овие казни се само од финансиска природа, додека спортските санкции – кои би можеле да вклучуваат суспензии за Нан и Џонс – се очекуваат дури по одлуката на спортскиот судија на грчката лига.
