Најмалку девет мртви во пукање во училиште во Тајланд

Девет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, објави Гардијан.

Напаѓачот прво ги застрелал своите баба и дедо, користејќи го пиштолот на својот дедо, а потоа отишол во своето училиште и убил тројца наставници и тројца ученици.

Дечрапи Конгди, командант на полицијата во покраината Нонтабури, потврди дека осомничениот вооружен напаѓач си го одзел животот.

Според соопштението на полицијата осомничениот, кој бил студент, испукал 26 куршуми, а на местото на настанот биле пронајдени уште 34 куршуми муниција.

Осомничениот бил во деветто одделение изјави Конгди за Би-Би-Си..

Ова е второ пукање во училиште во Тајланд оваа година, откако еден наставник загина, а еден ученик беше повреден на југот од земјата во февруари.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press