На Универзитетот „Гоце Делчев“ слободни 3.341 слободно место, прв уписен рок од 19 до 21 овој месец

Штип, 11.10.2026

Универзитетот „Гоце Делчев“ објави дека првиот уписен рок ќе биде од 19 до 21 овој мeсец, и дека на 12 факултети и три академии има слободни 3.341 место.

-Системот за пријавување веќе е отворен, а кандидатите можат да ги поднесуваат документите и директно во Штип, Скопје и Струмица, рече ректорот проф.д-р Дејан Мираквоски.

Според првиот човек на УГД фактот дека пред почетокот на уписот има поднесени 580 пријави што говорело дека интересот за овој период е зголемен за 28 проценти во однос на истиот период лани. Најголем интерес има за медицинските науки и информатиката, а висока заинтересираност има и за економско, правните и техничките факултети. За најдобрите кандидати со освоени над 80 поени, УГД и годинава обезбедува ослободување од партиципација.

„Уписите се во текот на идната недела, од 19 до 21 август, нашите тимови, се веќе подготвени и ќе ги сервисираат сите потреби, како и до сега, за пријавување на студентите. Генерално вкупно имаме околу 1.692 места во државна квота, 972 места се наменети за студенти со кофинансирање и 735 места за вонредни студенти. Најголем интерес за сега стандардно се забележува на факултетот за медицински науки, потоа факултетот за информатика, економски, правен факултет, а интерес има и за техничките факултети, рече Мираковски.

Ректорот потенцира дека и оваа година за најдобро ренгерираните кандидати што се пријавуваат во првиот уписен рок ќе имаме ослободување од партиципацијата и тоа за кандидатите што имаат повеќе од 80 поени, за 20 студенти на медицинскиот факултет, односно 10 на општа медицина и по пет на фармација и дентална медицина. На факултетот на информатика 10, на земјоделски 10, факултет за природно технички науки 10 , економски факултет 10, правен 10, факултет за туризам 10 и по 5 на електро техгничкиот, технолошкиот и  факултетот за образовни науки. Музичката академија исто 5, а ликовната и филмската по 2 студента се ослободуваат од партиципацијата.

Универзитетот подолго време соработуваат со стопанската комора и директно со компаниите кои соработуваат со Универзитетот. На повеќе факултети се унапредени студиските програми и се воведени нови, со фокус на можноста за вработување на младите.

,,Ние подолго време соработуваме на таа тема, и со стопанската комора и дирекно со компаниите. Воведени се нови студиски програми, и ѓенерално најголем дел од студентите, кои што завршуваат, наоѓаат бргу вработување.“, додава Мираковски.

За упис на УГД во идниот месец септември ќе има уште два уписни рока.

Инаку, за упис на штипскиот Универзитет интерес покажуваат и студенти од Турција, Србија, Бугарија и Грција.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press