НАТО собори дрон во воздушниот простор на Латвија

Борбени авиони што дејствуваа како дел од мисијата на НАТО за балтичко воздушно набљудување соборија дрон што влезе во латвискиот воздушен простор на 14 август, објави Киев Индепендент.

„Странското беспилотно летало влегло во латвискиот воздушен простор како резултат на руско електромагнетно војување“, се вели во соопштението на латвиската војската.

Дронот бил пресретнат од борбени авиони на НАТО над регионот Балви во источна Латвија.

„Додека продолжува агресијата на Русија во Украина, можна е повторна појава на случаи каде странски беспилотни летала влегуваат или се приближуваат до латвискиот воздушен простор“, додаваат во соопштението.

Во соопштението се наведува дека дронот навлегол во Латвија како последица на руското електронско војување а тоа создава тензии меѓу Украина и некои од нејзините најверни сојузници.

На 3 мај, финскиот премиер Петери Орпо разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски откако два осомничени украински дронови накратко влегоа во финскиот воздушен простор во близина на руско-финската граница за време на украински напад со беспилотни летала врз цели во Ленинградската област.

Орпо ги опиша ваквите инциденти како „неприфатливи“, истакнувајќи дека Финска „ја поддржува Украина и го разбира нејзиното право да се брани“.

На 10 мај, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха директно ја обвини Русија за намерно пренасочување на беспилотни летала кон соседните земји.

„Истрагите докажаа дека ова е резултат на руско електронско војување кое намерно ги пренасочува украинските дронови од нивните цели во Русија“, се вели во соопштението на Сибиха.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press