Приведен е сопственикот на Алта Банка, Давор Мацура во Србија

Во Србија е приведен Давор Мацура, бизнисмен близок до Српската напредна странка и сопственик на белградската „Алта банка“, на која ѝ беше одземена дозволата за работа и беше отворена стечајна постапка, пренесува Нова.

Полицијата повеќе од 30 часа вршеше претрес во просториите на „Алта банка“ а.д. Белград почнувајќи уште од саботата откако Извршниот одбор на Народната банка на Србија, во саботата наутро, ѝ ја одзеде дозволата за работа на банката и прогласи стечај.

Давор Мацура поседува голем број компании, директно или преку своите корпоративни субјекти. Најзначајна е „Алта банка“, која пак ја поседува компанијата „Алта лизинг“. Во директна сопственост на Давор Мацура или регистрирани на негово име се следниве субјекти: „Алта ритејл“.

Само еден ден по уверувањата дека клиентите на Алта банка АД Битола непречено располагаат со своите средства, Народната банка воведе привремена администрација и неделен лимит за одлив од сметките на граѓаните од 10.000 денари. Гувернерот Трајко Славески на денешната прес-конференција соопшти и дека се бара нов купувач за акциите на Алта банка АД Белград, на која ѝ се одзема правото на глас.

НБРМ времено ќе управува со Алта банка Битола, ограничен пристапот до парите, се бара нов купувач

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе