Бугарија ќе врати над 19 тони јаболка од Македонија поради пестициди над дозволените граници

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи утврдиле остатоци од пестициди над максимално дозволените граници, пренесе МИА.

Пратката тежи 19.350 килограми и, според соопштението на агенцијата, ќе биде вратена во Македонија.

Од БАБХ наведуваат дека јаболката не ги исполнуваат законски пропишаните безбедносни стандарди. Неправилноста била откриена при засилените контроли на увезеното свежо овошје и зеленчук во Бугарија.

Во пренесеното соопштение не се наведени видот на пестицидот, измерените концентрации или производителот на јаболката. Наодот се однесува на конкретната контролирана пратка.

Извор: Фактор.мк

…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе