Нападната жена во Берово, пијан возач направил сообраќајка во Делчево, кочанчанец упатувал закани кон сопругата…
Штип, 04.111.2026
Од СВР Штип известуваат дека на ден 03.11.2026 во 15:30 часот во ОВР Берово, 43-годишна жена од Берово пријави дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Д. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 03.11.2026 во 18:50 часот на магистралниот пат кај с.Илиово, делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Х.Ј.(39) од с.Драмче, делчевско. Претходно, тој управувал патничко возило „голф“ со штипски регистерски ознаки, со кое учествувал во сообраќајна незгода а при извршен увид и направени проверки, било констатирано дека Х.Ј. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,93 промили алкохол во организмот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 03.11.2026 во 11:27 часот во ОВР Делчево е пријавено дека настанал пожар на оџак од куќа во Делчево, сопственост на М.Б.(71) од Делчево. Од пожарот е зафатен дел од покуќнината. Пожарот е изгаснат од Територијално противпожарната единица Делчево, а повредни лицa нема. Увид бил извршен.
На 03.11.2026 во 18:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Ј.(67) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна сопруга дека околу 15:00 часот во семејниот дом и упатил закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.11.2026 во 12:50 часот ОВР Кочани, од Општа болница Кочани е пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош била донесена Б.Н.(54) од с.Нивичани, кочанско. Според пријавеното со повредите се здобила, додека извршувала работни задачи во фабрика во с. Зрновци, кочанско. Известен е јавен обвинител и трудов инспектор. Увид бил извршен.
На 03.11.2026 во 13:30 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип лишија од слобода 17-годишник од Штип, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и Меѓуопштински Центар за социјални работи Штип и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
