Младата поетеса Милена Стојковска жнее награди и признанија

Милена Стојковска, млада и надежна поетеса која живее во Куманово, за својата стихозбирка “Поетска монархија” жнее награди и признанија, а,
меѓу другото, прогласена е за “Млад талент -2026”.
На својот ФБ профил, Сојковска објави:
🇲🇰✍🏻🇷🇺 Сакам да го споделам она кое ме вгради во идеален процес на искрена радост и неизмерна благодарност. Големо задоволство и чест ми е што сум избрана за МЛАД ТАЛЕНТ – 2026 година. Пред сѐ, сакам искрено да му се заблагодарам на жирито, кое активно ја вложуваше својата активност кон поетските дифузии.
Голема благодарност сакам да испратам до почитуваната Biljana Chelik, која го овозможи овој циклус како клучна перспектива во номинираните аспекти.
Ви благодарам од срце!
Вашата поддршка и овој тек ми беа вистинска фаза кон голем напредок. Ова за мене претставува неизмерна среќа и поттик за понатамошно естетско творење и афирмирање на безбројни стихови. Посебно сакам да му се заблагодарам на Алексей Калакутин, човек со големо срце и прекрасна душа, кој ми ја додели оваа мотивирачка и воодушевувачка награда. Наградата ми е доделена врз основа на мојата книга „ПОЕТСКА МОНАРХИЈА“. Ви благодарам од срце! За мене ова е една специјализирана картографија, која се преточува во редот на врвните дострели, доставувајќи ја можноста во креациска илуминација.
Милена Стојковска беше овогодишен учесник и остави посебен печат на деветото издание од Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески ” единствена таква манифестација кај нас, а, која се одржува во Охрид и родното село на Николески, Црвена Вода во општина Дебрца.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе