Обновена бензинска станица „112 Три Чешми“ Штип повторно во функција

27.11.2026 година

Грижата за потребите на потрошувачите и обезбедувањето квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и биогорива се постојан приоритет на „Макпетрол“ АД.

Како водечки дистрибутер на горива во земјава, компанијата продолжува да вложува во обновување и модернизација на својата мрежа на бензински станици.

По завршувањето на обновата, повторно започна со работа бензинската станица „112 Три Чешми“ Штип. Објектот е уреден по современи стандарди, со функционален изглед и исполнети технички и безбедносни барања. Станицата е отворена секој ден од 06:00 до 22:00 часот.

На потрошувачите им се достапни ULTRA горивата на „Макпетрол“, произведени со технологијата Dual Action Technology. Во продажниот простор може да се најдат и разновидни производи од дополнителната понуда.

Со почит,

„Макпетрол“ АД

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе