Кочани, 20.11.2017
Благој Ситновски, член на Советот во општина Кочани е советникот кој ќе го заменува градоначалникот Николчо Илијев за време на негова спреченост или отсуство.
Ваква одлука донесе градоначалникот Илијев.
Благој Ситновски во политичкиот живот на Кочани и на Македонија е присутен 38 години. Тој е дипломиран политиколог кој бил младински активист, претседател на Општинскиот синдикат на Кочани, началник на полицијата во овој град, а на последните локални избори е избран за советник.
Ситновски како и градоначалникот Илијев беа натпартиски кандидати за советник односно градоначалник од бизнис секторот во Кочани, а на листата на СДСМ и коалицијата. Во овој град советничкиот состав е 10 советници од листата на СДСМ и коалицијата, 8 од листата на ВМРО ДПМНЕ и еден независен советник.