Виница, 22.12.2017
Првооделенчињата во ОУ “Славчо Стојменски” во Виница денес добија подароци од Дедо Мраз, маркети како нагледни средства и други едукативни материјали кои ќе им овозможат повеќе забава во наставата.
Дел од материјалите се изработени за време на проектот “Забава со Нина и Стефи” и се наменети за учење преку игра. Додека маркетите биле изработени специјално за донацијата. Помош добиле и од неколку пријатели, генерален спонзор е компанијата Макпрогрес, а несебична поддршка визионерите добиле и од Александра Кирилова, менаџер на Централ Хотел и Парк Кафе
Нивната визија е да вметнат повеќе креативност и пракса во наставата и да допринесат за подобро образование.
Иницијативата на Стефанија Диванисова и Николина Атанасова со задоволство ја прифатија директорот и вработените и им доделија благодарници и подароци.