Битола, 23.12.2017
Во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола денес на свечен начин беше одбележан, големиот јубилеј – 25 години од основањето на Здружението за македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ од Битола.
Настанот беше проследен и од претставници на Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија, како и претставници од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Република Македонија во Битола
На големиот број на членови и пријатели на ова Здружение им се обрати Петар Гаштаров, претседател на Регионалното здружение „А.А.Ростковски“, а за јубилејот на здружението „А. А. Ростковски“ од Битола, зборуваше претседателот, Драган Романски.
На присутните им се обрати и д-р Јордан Ѓорчев, како претседател на Сојузот на здруженија за македонско-руско пријателство во Р. Македонија.