Штип, 02.01.2018
Сара, првото родено бебе во Штип, ја обележа 2018 година. Родена е во 01,50 минути на првиот овогодишен ден. Мајката родилка Сара Постолова е од село Карбинци во близина на Штип.
Штипскиот градоначалник Благој Бочварски денеска беше во посета на среќната мајка која се породи на гинеколошѓкото одделение во Клиничката болница. Сара се роди како здраво дете долга 47 сантиметри и тешко три килограми. Бочварски на новороденото бебе му подари штедна книшка со 10.000 денари,а подароци добија и нејзините родители.
-На родителите на Сара посакувам таа да порасне голема и во нејзиниот живот да ги ужива благодетите за она за кое ние се бориме, а тоа е ново модерно општество, да ги ужива благодетите на нови и модерни градинки, да учи во нови и модерни училишта во нашиот град, порача градоначалникот на Штип.
Дежурен гинеколог во новогододишната ноќ беше Виолета Ефтимова. Таа ни изјави дека мајката Ивана во болницата била донесена во еден часот по полноќ, а веќе по 50 минути Сара дошла на свет.
-Мајката и детето се чувствуваат добро. Во минатата година имавме 929 породувања , од кои 30 проценти се извршени со царски рез, а останатите се спонтани породувања. Во 2016 година имавме 17 породувања помалку, информира Ефтимова.
Штипскиот градоначалник Бочварски, на Одделението за Гинекологија и акушерство му подари и ваучер од 20.000 денари.
Народните верувања упатуваат на тоа дека, ако првороденото бебе во годината е женско, тогаш односната година ќе биде родна. Дали тоа ќе биде така, останува да покаже годината која ги одбројува своите први два дена.