Битола, 28.01.2018
Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во соработка со Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија успешно ја спроведе интерактивната практична работилница на тема „ГОВОР НА ТЕЛО“.
Настанот се случи вчера, а над 180 заинтересирани граѓани ја посетија работилницата која се одржа во просториите на универзитетот во Битола. Предавач на работилницата беше проф. д-р Зендел Aбедин Шехи, основач и претседател на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија во Скопје.