Кочани, 29.01.2018
Во рамките на Програмата за зачувување на природата, прoект на Швајцарската агенција за развој и соработка, делегација составена од градоначалниците на Источниот плански регион, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Македонски шуми“, како и претставници на Центарот за развој на Источниот плански регион од 25 до 27 јануари,оствари средби со своите колеги од Бугарија.
Делагацијата се сретна со градоначалниците на Благоевград и Петрич со кои детално беа дискутирани придобивките и предизвиците за локалното население кои произлегуваат од постоењето на заштитени подрачја. Пред сѐ беше истакнат придонесот од постоењето на овие подрачја кон подобрување на социјално-економските услови преку развивање на рурален туризам и користењето на меѓународни фондови за развој.
Искуствата од Бугарија наспроти локалните состојби во Источниот дел на Македонија ќе служат како појдовна точка за изнаоѓање на соодветни мерки за заштита на природата во Малешевијата, Осогово и Плачковица,
Градоначалниците разговараа и со претставници на локалните и владини институции кои управуваат со заштитените подрачја во регионот на планините Беласица и Рила со кои беа споредени и разгледани пристапите кон управување на подрачја со различен степен на заштита. Искуствата од Бугарија наспроти локалните состојби во Источниот дел на Македонија ќе служат како појдовна точка за изнаоѓање на соодветни мерки за заштита на природата во Малешевијата, Осогово и Плачковица, региони кои изобилуваат со биолошка разновидност и природни вредности,а засега немаат формална заштита во Македонија.
За време на посетата делегацијата имаше можност и на терен да се запознае со различните активности кои ги спроведува локалното население и да разговара директно со оние кои имаат најголема придобивка од постоењето на заштитените подрачја. Оваа посета ја потврди и можноста за блиска прекугранична соработка на соодветните институции од Македонија и Бугарија.
Една од клучните цели на Програмата за зачувување на природата е подобрување на состојбата со природните вредности во сливот на реката Брегалница и промоција на нивно одржливо користење и управување преку воспоставување заштитени подрачја и други активности. Координатор на Програмата е Фармахем – Скопје, главен партнер е Министерството за животна средина и просторно планирање, стратешки партнер е Центарот за развој на Источниот плански регион, а спроведувач на активностите поврзани со оваа компонента од Програмата е Македонското еколошко друштво.
Љубинка Ајтовска