За грчките националисти и македонските имитатори
Охрид, 27.02.2018
Што еден будала ќе расипе, илјада паметни не ќе можат да “оправат”. Особено, ако тоа го прават професионални националисти, чија мачка “фаќа глувци само ако е бела!”. Дека национализмите се како сврзани садови, најубаво ни се удри од глава последната од млади и недоквакани пилци, исклукана деценија! Наместо да ја гаснат, ја потпалуваа националната пречувствителност на професионални националисти во Грција, им ги зацврстува, дома и во светот, таканаречените „национални позиции“ и “црвени лини”!
Отруената од пропаганди, тамошна (во голема мера за жал и овдешна јавност), вешто ја користеа политичарите за добивање и одржување на власта, затоа сега е тегобно излегувањето од националистичкиот сон -и овде и таму. Демохристијаните, конзервативците, велат, се од бога дадени лажговци, особено ако се лажни!Многу лажни велчичини, изградија кариери упропастувајќи ја иднината на својот народ, пред се, политичарите, но и во академските средини. Во Грција, за жал и во поповскиот еснаф, кај оние што треба да проповедаат љубов и разбирање, а не омраза!Белким го осозна тоа и Ципрас, кога, за прв пат досега, одби да положи заклетва пред црковниот поглавар.
Идат денови кога црвените лини ќе мора да се бришат, високо поставените летвички да се симнат, за да можеме ние да прескокнеме кон нив, а тие кон нас. Грците не можат да бараат да го промениме она што веќе сме го промениле (Уставот), ако навистина сакаат решение. Ние не ќе можеме и натаму да опстојуваме на ексклузивноста на името, да понираме длабоко во историјата-таму каде што не ни е местото.Ние сме македонски Словени, и само тој дел од историјата ни е доволен – од Охрид до Владивосток. Ако самите Македонци од денешна Северна Грција, се именувале и формирале организации како “Славо македонски”, под чие знаме гинеле со десетици илјади во Втората светска војна, тогаш и нам нема да ни се срони бисерот!
А за тоа – дали Хунзите и Калашите се потомци на античките Македонци, нека ги боли главата Марина Дојчиноска (претседателка на Одборот за Македонците во Хунза – Пакистан) и Никола Груевски (екс-премиер), кој широко ги отвори владините одаи за кралот Мир Газанфар Али Кхан и кралицата Рани Атика, додека мојот имењак Вељо од Арбиново (“Дебрцо ти си борбена”!), за да не остане “покусо” од Никола, на монархот му подари цела нива и на средината закачи табла, со името на новиот династички сопственик!
Ако сме за решение, тогаш тие нека се гушат во историјата, нам од гушата да ни го симнат воденичкиот камeн, за да можеме слободно да дишеме во современоста. Нашата “црвена линија” да биде современиот македонски јазик, современата македонска нација, современата македонска кауза и идентитет. Ако се обидуваат да ни го бришат и АСНОМ, тогаш договор нема, без АСНОМ ние сме никој и ништо. Заедно со тоа,оди одбивањето на секаква помисла за име со геогравска одредница, во форма на еднозборна сложенка- сеедно дали ќе биде, Горна, Северна или слично. Ако сме веќе “иредентисти и крадци на нивното минато!”, тогаш белким не им ја украдовме и нашата современост, нашиот јазик (белким Коцијас нема и натаму да го нарекува дијалект!) и да бара “именувањето да биде на словенски дијалект и тој да остане непреведлив“!!!”Неќе моќи-неќе проќи“, батко Коцијас!
Почетоците на идејата за посебноста на јазикот се уште од 1903 година, со издавањето на „За македонските работи“ од македонистот Крсте П. Мисирков. Од АСНОМ е само официјалната хронологија за почетокот на постоењето на службениот, стандардизиран кодификуван јазик на Македонците.
Ги гледав Грците, како во поголеми групи застануваат и се фотографираат пред монументот на светите браќа Кирил и Методиј во Охрид.Солуњани,нели?Бев сведок на постоењето на македонскиот јазик, кога десетина ми пријдoa СО MАКЕДОНСКО ПРАШАЊЕ: КАДЕ Е НАЈБЛИСКАТА ЦРКВА да се помолат и да запалат свеќа? Се преименуваа аеродромот во Скопје (незнам што чекаат со охридскиот и каква врска има светиот апостол Павле со Икарус!?), заедно со автопатот. Незнам вие, но јас со тоа не сум ништо помалку Македонец!
Ние знаеме кое уво ги боли Грците. Едноставно сакаат еднаш и за навек да го запечатат срамниот дел од нивната историја, кога протерале стотици илјади Македонци во Бугарија, кај нас и во земјите на бившиот Источен блок. Но забораваат дека од тоа е уште посрамно, денеска членка на ЕУ, да не признава разнилокост, да му го одзема шансите за живот на соседот (Путин ја раскажува досетката на татко му: “Добриот сосед е покорисен и од највисоката авлија”), да опстојува на искомплексираната идеологија околу националните идентитети. Мегутоа, сеуште илјадници луге од Леринско,Костурско, Воденско па се до Солун, негуваат обичаи, пеат македонски песни, играат ора, заедно со нас кога им одиме на свадби и други поводи. Но, кога уште од мали нозе, децата се учат дека “само Грци по род можат да просперираат во оваа земја”, тогаш “математиката е многу јасна!”.
Павлос Васкопулос, од Виножито, со право вели дека треба да им се помогне и на Грција и на Македонија. На Грците да излезат од својот двоен комплекс на висока и ниска вредност (еднаш се деца на Сократес и Периклис, а втор пат гледаат дека одвај преживуваат и се далеку од “врвот на светот”!), а на Македонците да им се помогне да не ги имитираат. Токму тука беше нашиот проблем последнава деценија.
Денеска во современиот свет, на национализам да одговараш со уште поголем национализам, не е ништо освен дa работиш во корист на сопствената штета, сам на себе си, на својата татковина, дa и правиш мечкина услуга!
Имавме симпатии, до степен светски учените луѓе, еминентни историчари (примерот со британски историчар од универзитетот Кингстон, Марко Атила Хоаре,), забраните Македонците да го користат своето име за сопствена идентификација, да ги кфалификуваа ни повеќе ни помалку, туку за расизам!
На крајот и еден реален, погледод самата Атина.
“Значи станува збор за јазик, а не за дијалект. И ако употребата на озлогласената придавка предизвикува „џиш“ во политичка смисла, никој не ќе го разбереше погрешно грчкиот министер за надворешни работи доколку тој кажеше: „на јазикот на БЈРМ“. Или уште: „зборот да биде словенски“. Толку просто. Молба: Нека одлучат веќе како ќе ги нарекуваат (и нека се погрижат да има и придавски определби) за да можеме и ние да комуницираме без да ни виси Дамокловиот меч над нашите глави, а и тие да можат да даваат изјави со коишто нема да компромитираат никого. Ајде, да го разменуваме знаењето како научници, да соработуваме, да комуницираме, па и политичарите да си се видуваат и разговараат политички коректно”.
(Зборовите се на Александра Иоаниду, славист, вонреден професор на Одделот за руски јазик, литература и словенски студии на Универзитетот во Атина).