Штип, 04.05.2018
Штип денес се поклони пред спомен рељефот на револуционерот Гоце Делчев поставен во Ново село, во дворот на ректоратот на Универзитетот кој го носи негово име. Делегации на општина Штип, на Универзитетот, на боречката организација, на политички партии и на средните и основни училишта положија свежо цвеќе на неговиот споменик.
„ Четврти мај е значаен ден за Република Македонија и се врежува во историјата на истата. Денеска навршуваат 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев кој го загубил својот живот во село Баница, во борба со Турскиот аскер. Еден од најзначајните ликови за нашата држава, кој го жртвувал својот живот за највредното нешто во целиот свет, слободата.
Огромната благодарност, чествувањето на датумот на раѓање и загинување, именување на значајни институции и улици со името на револуционерот Гоце Делчев се нашиот придонес за незаборав на Гоце Делчев, кој придонес секогаш ќе биде премал во споредба со придонесот на еден визионер кој го разбирал светот како поле за културен натпревар на народите“ , рече претседателот Јане Миланов, претседател на Советот на општина Штип.