Смеа до солзи со Бојан Велевски и Боби Додевски, распродаденото шоу добива нов термин

Стендап-комедијата на Бојан Велевски и Боби Додевски ги полни салите низ Македонија и руши рекорди. Добриот хумор, смеата и одличното расположение се гарантирани, а овој стендап покажа дека Македонците можат да соработуваат кога станува збор за нешто што на сите им е потребно – добро расположение. Уникатниот спој го направија маестралните Бојан Велевски и Боби Додевски, кои со својата комичарска енергија ја освојуваат публиката низ земјата.

Големото финале, закажано за 17 ноември 2026 година во Скопје, е распродадено, но за сите што не успеаја да обезбедат билети следува реприза на 23 ноември 2026 година во „Рагуза парк“. Картите се достапни преку Купи карти.мк.

И тој ден не се оди во теретана! Купете си билети навреме, бидејќи со добра доза хумор и смеа ќе ги развиете стомачните мускули на најзабавниот можен начин.

Боби Додевски е македонски стендап-комичар од Куманово, но неговата професионална приказна е интересна и поради тоа што сцената не му е единствената професија.

Според објавената биографија, роден е на 6 август 1981 година во Куманово, а од 2001 година работи во Министерството за внатрешни работи. Паралелно со полициската професија, со години се занимава со хумор, пишување и творештво.

Познат е и по настапите во стендап-комедијата, а пошироката публика го запознава и преку хумористични содржини и емисии.

Има учествувано со свои текстови на детски фестивали, а во август 2026 година ја промовираше својата прва книга за деца, „Радосница за деца“, со илустрации на Мила Доневска и во издание на „Антолог“. Поговорот за книгата го напиша Игор Џамбазов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе