БИТОЛА го славеше Денот на победата над фашизмот

Битола, 09.05.2018

Битола на исклучителен начин го одбележа 9 мај, Денот на победата над фашизмот. По тој повод, на плоштадот „Магнолија“, беше организирана манифестацијата „Бесмртен полк“..

Во организацијата на „Бесмртен полк“, покрај студентите од Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державина“ Свети Никола-Битола, учествуваа и студенти од партнерските универзитети од Тамбов и Липецк, Регионалното здружение за македонско – руско пријателство „А.А Ростковски“, Сојузот на здруженијата за македонско-руско пријателство во Република Македонија, Сојузот на боречката организација, локалната самоуправа и граѓани..

Учесниците во прославата имаа парада по Широк сокак и на минувачите, од реверите на нивните гради им закачуваа Григоријанска лента. Парадата заврши пред Домот на културата каде  учесниците положија свежо цвеќе на споменикот на паднати борци во НОБ.

Манифестацијата беше поддржана од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола.

Истокпрес донесува повеќе фотографии од настанот.

C4C3C2C5

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе