Промовирани поетски книги на затвореници од КП дом Штип

Штип, 09.07.2018

Денес во Националната установа Универзитетска библиотка „Гоце Делчев“ во Штип се одржа несекојдневен културен настан. Библиотеката, во соработка со КПД Штип, ги објавија книгите поезија „Стихови од една водолија“ на поетот Жарко Миличевиќ и „Саркофаг“ на Исак Хаџи (псевдоним). Посебноста на овој настан е што авторите се затвореници кои токму во казнено-поправната установа во Штип решиле да се пробаат во поетските води.

Жарко Миличевиќ
Жарко Миличевиќ

Промотори на делата на Миличевиќ и Хаџи беа д-р Милена Ристова Михајловска и м-р Трајче Кацаров, писател. Тие со многу убави зборови ги пофалија првенчињата на двајцата автори и притоа ги охрабрија да продолжат да творат.

МИЛИЧЕВИЌ   Уметноста, книжевноста, литературата и културата се запишани во моето ДНК. Дедоми свирел на флејта, таткоми има збирка од 300 песни кои сака да ги издаде, а еве и јас сега издавам книга поезија.

Q02„Во јавноста многу малку се говори за КП домовите, а кога се зборува тоа најчесто е во негативен контекст. Но таму има и убави работи, една од нив е и оваа наша соработка со библиотеката, соработка во која досега сме имале неколку заеднички проекти. Сите тие нешта, како и оваа промоција на книги поезија од затвореници, има возвишена цел да ја подигне свеста кај граѓаните, кај институциите дека по завршување на казната овие лица треба да бидат прифатени од општеството, рече Мики Тодоров, управител на КПД Штип.

Q04„Уметноста, книжевноста, литературата и културата се запишани во моето ДНК. Дедоми свирел на флејта, таткоми има збирка од 300 песни кои сака да ги издаде, а еве и јас сега издавам книга поезија. Сакам да бидам искрен дека сум читал само романи, поезија никогаш, но ете и тоа се случи. Како ученик во ОУ „Ванчо Прќе“-Штип ќе се вљубев во некое девојче ама не смеев да му пријдам, немав храброст, па тоа што сакав да и го кажам го запишував на лист хартија па и го подавав. Можеби тоа биле моите први стихови“, рече Миличевиќ пред бројната публика.

Штипјани со голем аплауз ги наградија затворениците – поети и им посакаа по издржување на казната да бидат прифатени од општеството на соодветен начин.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе