Кочани, 24.08.2018
На прес конференција одржана денес, ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани ја напдана локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Никoлчо Илијев за некакви махинации во врска со превозот на учениците во општината.
Не требаше многу време, а Илијев аргументирано да ги сотре , како што беше речено, небулозите и лагите на опозициската партија.
Во одговорот на Илијев стои:
Почитуван претседател на општинскиот партиски огранок,
Како професор во средно училиште, кој во слободното време ги облекува партиските бои да го брани неодамна срушениот режим, звучите дрско и безобразно кога се обидувате да оправдувате политики кои уште не зацелиле од длабоките рани на неодговорното и недомќинско работење на претходниците.
Оние, кои без јавни набавки или во фингирани по нивна мерка, собираа кајмак за нив, а им фрлаа корки на граѓаните, кои пак сега им требаат. Тие, а и Вие со нив, цели 9 години брутално ја празневте општинската каса, не почитувајќи ни закон ни ред.
Откажувањето на јавниот градски превоз се случи по нашето силно спротивставување и неприфаќање на енормно високите цени за училишниот превоз, кај истиот превозник кој го реализираше и јавниот градски превоз.
ИЛИЈЕВ Билет купен на автобуската станица во Кочани по пазарна цена, на релација Кочани-Грдовци-Кочани чини 40 денари. Објаснете им зошто билет за ученик на релацијата Кочани – Тркање – Кочани чинел 81 денар? Разјаснете им го ова, да знаат граѓаните како сте ги пљачкосувале
Како поранешен директор на училиште, кој директно беше вклучен во организирањето на училишниот превоз а воедно сте потписник на договорот, одговорете им на граѓаните, каде е разликата од цените за превоз кој, на пример, на релацијата Кочани – Грдовци – Кочани, чинеше 89 денари? Патниците пак, знаат дека билет купен на автобуската станица, по пазарна цена, на истата оваа релација чини 40 денари. Објаснете им зошто релацијата Кочани – Тркање – Кочани чинела 81 денар? Разјаснете им го ова, да знаат граѓаните како сте ги пљачкосувале. Така, само за една учебна година – над 10 милиони денари губеа училиштата поради Вашата неспособност и немање чувство на одговорност. Целосниот список на цени по кои се вршел превоз на учениците, со истиот превозник кој го вршел и јавниот градски превоз, е доставен на увид на јавноста.
Ако имавте Вие личен интерес и го толериравте грабежот на граѓаните преку плаќање ненормални цени за превоз на учениците, ние цврсто стоиме во заштита на институциите – и бараме реални цени на пазарна основа.
За разлика од Вас, ние не сме подготвени да работиме еднострано и под уцени на превозникот. Јавниот градски превоз, договорен во четири очи – беше поништен по налог на ревизорот.
Субвенциониран превоз ќе има, откако ќе заврши постапката, согласно законските прописи. Во тек е третиот повик за градски превоз, на кој може да се пријави секој оператор што врши транспорт на патници. Граѓаните се уредно информирани за тоа.
Зборувате за затрупани проблеми! Да долгот од 80 милиони денари на основниот буџет е дел од тој проблем кој ние го решивме. Дивите таксисти кои се резултат на Вашето управување е проблем кој го решаваме. Да не зборуваме за дивоградбите, и уште многу кои ги наследивме од Вас.
За крај, граѓаните точно знаат кој и за што е способен и што работи. Вие, докажавте дека сте способни да го урнисате системот кој со години се градеше. Всушност, самиот факт што како професор во слободното време се облекувате во партиски бои, ни покажува каков искривен систем на вредности ни оставивте.