Охрид, 30. август 2018
Вечерва во Охрид, на плажата „Куба Либре“, со почеток во 19:00 часот, ќе одржи македонската промоција на фотомонографијата „Ролан Гарос – исполнет тениски сон“, посветена на најдобриот светски тениски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ, чиј автор е новинарот Јован Мирчески.
Мирчески е новинар и фото репортер на „Политика“ и „Сведок“ од Белград.
Како новинар и фото-репортер, Мирчески ги следел четирите грем-слем турнири во тенис, Њу Јорк, Лондон, Париз и Мелбурн и е еден од ретките кој бил акредитиран 15 години на “Ролан Гарос“, 10 години на Вимблдон и тн.
Во формула 1 прослави јубилеј 20 години од следењето и бил на скоро сите трки низ светот, а задолжително во Будимпешта, Силверстон, Монца, Абудаби, Париз и Австрија.
Во мото-гран при секоја година е на завршната трка во Валенсија и на Брно, Силверстон и други места. Грижливо ги чува своите акредитации од изминатите 20 години. Тоа е мојот живот и работа, вели, Мирчевски и додава:
Не сакам некој да каже дека некоја фотографија не е моја, а акредитациите се најголем доказ. Во фото-монографијата има 460 фотографии, покрај нив има и материјали од сите значајни мечеви на Новак, изјави од него, од семејството, од познати тенисери, “Роланг Гарос“ го има опишано од внатре – она што не се гледа на ТВ преносот, а секако врв е освојување на Париз и прославата по финалето.
Мирчески додава дека го препознал квалитетот на Новак иако во тоа време во Србија имаше три поквалитетни тенисери од него. Се фокусирал на него, а ги следел и другите како единствен акредитиран фото-репортер на големите тениски турнири.
-На Ѓоковиќ од почетокот му ги давав–продавав сите фотографии од настапите, а обично има по околу 400-500 фотографии. Тоа го правев и го правам веднаш по завршувањето на натпреварот, на прес-конференцијата. Претходно имам време од половина час од мечот до пресот, а во тој период ги прегледувам, селектирам и снимам на УСБ. По одржувањето на пресот му ги предавам фотографиите на Новак и му кажувам, гледај и ќе коментираме утре. Поради протоколот на големите тениски турнири, имам некогаш само секунди да го направам тоа. Тој потоа ги праќа за својот сајт. Така започна нашата соработка. Сите победи и порази ги преживувам со него веќе од 2007 година, кога почнав да фотографирам за него. Потоа почна да ги освојува турнирите, ги освои сите, но остана неосвоен “Ролаг Гарос“, вели Јован, а тој турнир и нему како и на Новак му стана ноќна мора, вели Мирчески.
Веле Митаноски