Уште едно високо меѓународно признание за писателот Петко Шипинкаровски

Струга, 5.септември 2018

Писателот Петко Шипинкаровски се здоби со уште едно меѓународно признание, овојпат, наградата „Аполон“, што ја доделува градот Сремска Митровица.

37984143_1857792367623822_7227835613003644928_nДоделена му е за “ убавиот запис и афирмацијата на пишаната реч”, стои во образложението на жири комисијата.

Високото признание ќе му биде врачено на 6 ноември, во општинската зграда на  Сремска Митровица,  во рамките на тамошните прослави и свечености –  “Ноемвриски празнувања”.

Покрај Шипинкаровски, добитници на наградата „Аполон“ се уште и Елка Њаголова, писател од Варна – Бугарија, Бапкен Симоњан, почесен конзул на Република Србија во Ерменија и Срѓан Малешевиќ, писател од Шид, Република Србија.

Наградата „Аполон“ на градот Сремска Митровица е востановена во 1989 година и до сега добитници, за остварувањето во книжевноста и литературата, се од Канада, Австрија, Франција, Германија, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Словачка, Унгарија, Хрватска, Македонија и Србија.

Наградата се состои од Повелба, односно Диплома, и фигура на главата на Богот Аполон излеана во бронза, како прототип на оригиналот што е пронајден крај тврдината на античкиот град Сирмијум, денешна Сремска Митровица.

Аполон не само што е Бог на сонцето, туку и заштитник на пророците, пејачите, на поезија, музика и песна, туку тој е и симбол на убавината.

Шипинкаровски е член на ДПМ, почесен член на Друштвото на писателите на Србија, надворешен член на Сојузот на независните пистеле на Бугарија и член на МНД од Битола.

Добитник е на многубројни награди и признанија од Македонија и од странство.

(В.М.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе