Делчево, 19.09.2018
Пристапната патека на улица „Пијанечка“ во населбата Ново Делчево се поплочува со бехатон плочки. Со оваа интервенција , конечно, на жителите од оваа улица ќе им се обезбеди современ и полесен пристап со што, Општина Делчево одговара на потребите и на барањето на жителите кои досега често реагираа, бидејќи во урбаната населба тие газеа кал.
Пристапната патека е во должина од околу 25 метри со ширина до 4,5 метри , а градежните работи ги извршува ЈПКД „Брегалница“ на иницијатива на Општина Делчево.
ТРАЈКОВСКИ: Ние само одговараме на барањата на граѓаните за полесен и посовремен пристап до нивните домови.
Градоначалникот Горан Трајковски најави дека Општината наредниот период ќе преземе активности да ги изгради сите пристапни улици во градот Делчево.
-Овие улички се пристапни и во површина се мали, но создаваат големи проблеми на жителите кои овде живеат, посебно на инвалидните и на старите лица. Евидентен е овој проблем, а ние сме детектирале неколку вакви улички. Следната уличка која ќе се поплочува со бехатон е во населбата Трети реон, рече Трајковски.
Претходно, ЈПКД „Брегалница“ ја поплочи со бехатон пристапната патека покрај поштата во Делчево во строгиот центар на градот.