Делчево, 04.10.2018
Oпштина Делчево штеди енергија од уличното осветлување и до 70%, а за 30% е зголемен бројот на електрични светилки во јавното осветлување. Ова се само дел од резултатите од партнерскиот проект „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево”, кофинансиран од ЕУ преку програмарта Interreg – IPA CBC Programme Bulgaria-Macedonia 2014-2020 кој изминативе две години партнерски го работеа општините Делчево и Благоевград.
На завршната прес-конференција која се одржа денеска во Делчево беа презентирани вкупните резултати од проектот во двете општини. Градоначалникот Горан Трајковски во своето обраќање го изрази своето задоволство од успешно реализираниот проектен циклус.
-Со успешната реализација на проектот покажавме дека како тим сме на добар пат да ја оствариме заедничката идеја – да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните во пограничниот регион. Со сите заеднички активности спроведени во Општина Благоевград и во Општина Делчево во рамките на овој проектен циклус, го зацврстуваме партнерството и соработката меѓу двете соседни општини и покажавме дека почитувајќи ги правилата на сложениот процес на ЕУ, односно ИПА- програма за прекугранична соработка, реализиравме квалитетен двегодишен процес и денеска, на завршниот настан од проектот, можеме да зборуваме за резултати и за одржливост и остварување на специфичната цел, а таа е заштита на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси на прекуграничниот регион, истакна Трајковски.
Главната активност на проектот беше замената на 760 живини со лед –светилки со што се доби поефикасно осветлување, заштеда и намалување на СО 2 во воздухот. Светилките се инсталирани на фреквентните и централните улици во градот, како и во 7 села во општината, . Додека во Општина Благоевград е инсталирано енергетски ефикасно осветлување во 4 села и во градот Благоевград.
Зорица Кралева, заменик-градоначалник за европсси проекти и програми од Општина Благоевград истакна дека
-Ние се надеваме дека во следниот период ќе имаме повеќе средства и можности во рамките на програмата за Бугарија и Макеоднија и очекуваме да реализираме уште вакви проекти.Во моментов сме во исчекување на резултатите за уште еден заеднички проект кој се однесува на заштита од поплави на реките Брегалница во Делчево и Бистрица во Благоевград, истакна Кралева.
Проектот „ Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево” се реализираше со буџет од 379.921,08 евра