Се рехабилитира патот Пониква – Кочани

Кочани, 12.10.2018

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатија за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев денес извршија увид во текот наградежните работи на патот Пониква – Кочани.

– Она што го ветивме пред неколку месеци веќе се реализира, а тоа е реконструкцијата на патот Пониква – Кочани, во должина од десетина километри во износ од 6 милиони евра, што ќе придонесе за развој на туризмот. Покрај овој пат, Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни  патишта, ќе инвестира околу 60 милиони евра во делот на Кочани и Кочанскиот регион.  Ова се однесува пред сè на експресниот пат Скопје – Кочани,  со кој ќе се прави обиколница околу Кочани – изјави министерот Сугарески.

AZ01Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов најави дека од понеделник почнуваат работите на патот Тркање – Пишица, а по рехабилитацијата на патот од Кочани, Македонска Каменица до Делчево сега се завршува поставувањето на еластичната ограда.

–Не постои општина во Македонија каде што минимум еден пат не се рехабилитира, до крајот на октомври уште на 21 пат ќе се отпочне со рехабилитација – рече Китанов додавајќи дека Јавното претпријатие ќе отпочне со увид на можности за изградба на патишта и од другите населени места кон Пониква.

Според градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, рехабилитацијата на патот Пониква – Кочани е еден од значајните инфраструктурни зафати за Источниот регион.

–Ова е најважната сообраќајна врска со туристичкиот центар Пониква. Овој пат е изграден пред точно 40 години. Ова е вистински чекор за развој на Пониква и на Осоговијата и ова е услов за развој на туризмот како стратегиски правец за Кочани – истакна Илијев.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе