Штип, 06.12.2016
Ромите кои преставуваат околу 5 процентин од вкупната популација во Македонија не се задоволни од односот на државата и нејзините институции кон нив. Не се задоволни од статусто во општеството. Посебно се незадоволни од тоа што определени политички елити ги користат како елемент за политичка корупција играјќи на картата на нивната сиромаштија.
На овие теми се дебатираше синоќа во Штип. Во дебатат организирана од невладините организации „Кхам“ од Делчево и Здружението за правата на ромите од Штип, покрај триесетина присутни, за учество беа поканети и претставници на политички партии учесници во актуелниот изборен политички процес. Но, на дебата се појавија само Благој Бочварски, кандидат за пратеник од СДСМ и Ѓоко Петровски, кандидат за пратеник од коалцијата за промени и правда. Учесниците го оценија како скандалозно отсуството на претставници на другите партии укажувајќи дека и само ваквиот чин говори за тоа колку на тие партии им е дојдено до суштината на ромското прашање.
Зекир Абдулов од „Кхам“ појасни дека меѓу ромите се забележуваат партиски акгивисти со полни торби пари и коверти во џебовите, ја користата сиромаштијата на ромите и ги купуваат нивните гласови. –„Ние упорно работиме на тоа да се избегне таквиот вид на корупција, да не се користи маката и сиромаштијата на ромите за купување на нивните гласови. На ова дебата цел ни е да ги мотивираме политичките партии да се посветат на суптилното прашање на ромите во рамките на петте најважни приоритети. Но, поголем дел од политичките репрезенти ја игнорираа ова дебата“, забележа Абдулов.
Благој Бочварски од СДСМ забележа дека на дебатат не се присутни тие кои ги создадоа големите проблеми на ромската заедница, на оние кои тргуваат и манипулираат со нивните гласови. –„Пограма на СДСМ не ги дели граѓаните на македонци, роми, албанци, турци, власи…Нашата програма е граѓанска, во неа има место за добар живот на сите, вклучителн и на ромите. Тоа е така зашто програмата е пишувана во коалиција со граѓаните“, потенцира Бочварски.
За Ѓоко Петровски од Коалцијата за промени и правда, неопходно е согласно бројноста во вкупната популација во државата и ромите да бидат на лисите за пратеници и советници. –„Тие треба да се најдат и во органи и тела на државата каде се третираат нивните најголеми интереси. Тука пред се мислам на културата, образованието, вработувањето, социјалата…Само така на оваа заедница може да и се помогне“, посочи Петровски.