Штип, 17.12.2018
Министерството за култура ги поддржа а тие максимално се оддолжуваат со прекрасни концерти на класична музика кои ги имаат во повеќе градови низ нашата држава.
Збор е за сопранот Виолета Арсовска и пијанистката Марија Максимова од Штип кои месецов имаа повеќе концерти низ државата.
На 13 овој месец ова дуо настапи во Штип, денес во 14 часот имаше преубав концерт во Куманово во ОМУ „Панче Пешев“ каде пред одбрана публика која ја љуби класичната музика Арсовска и Максимова настапија со дела на Качини, Шуберт, Рахмањинов, Прокопиев, Скаловски и Цанев.
Утревечер во 19 часот дуото настапува пред светиниколската публика. Концертот е закажан за 19 часот во амфитеатарот на Маеѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“. На репертоарот се дела кои Арсовска и Максимова ги изведуваат насекаде низ нашата држава.
Влезот е слободен, а светиниколската публика има убава можност во пресрет на Свети Никола, Денот на градот, да присуствува на културниот настан.