Штип, 22.12.2018
Наместо пораки за љубов, заедништво, просперитет, наместо честитики за успешна Нова 2019 година, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се „закачија“ околу украсувањето на плоштадот на кој масовне ќе се чека Новата година.
Од ВМРО ДПМНЕ ОБВИНИЈА ДЕКА:
Скандал и криминал ќе ја зачинат новогодишната бајка која Општина Штип ја организира втора година по ред! Новопставената лизгалница на плоштадот, уште пред да ја отвори, криминалното раководство на СДС, ја обви со матни зделки. Лизгалницата беше поставена на 20.12.2018 година,за кое може да посведочи секој граѓанин во нашиот град, меѓутоа тендерските понуди беа отворени наредниот ден, на 21.12.2018 година во 09:00 часот.
Како е можно, компанија која се’ уште не е избрана на тендер, да врши работи за Општина Штип? Како е можно компанијата да знае дека е одбрана уште пред да и’ биде одобрена понудата? Како е можно да се вршат услуги без потпишан договор и без добиен налог за работа? Како е можно проценетата вредност на тендерот да е идентична со понудената од компанијата, прашуваа од опозициската партија.
„Го повикуваме јавното обвинителство и МВР да го истражат случајот!
Да ги споредат датумите на потпишување на договорот и поставување на лизгалницата на плоштадот! Да проверат кога е издаден налогот за работа, кој го издал и дали тоа е истиот ден кога е поставена лизгалницата! И за крај, да проверат дали ова е зделка од 800.000 денари, во четири очи од која некој многу добро се офајдил!
Овие неранимајковци без срам и почит ги манипулираат граѓаните и тоа, пред очите на целокупната јавност! Црнила на национално, црнила на локално ниво!
Граѓаните на Штип во ек на новогодишните празници не заслужуваат да бидат жртви на оваа криминална банда во заминување! Воедно, го повикуваме надлежните институции да превземат итни и неодложни истражни мерки за тоа како се потрошени 800.000 денари, за услуги од времетраење од 15 дена, да се утврди виновникот, а Градоначалникот да превземе одговорност за направената штета!
КОНТРАТА НА СДСМ
Од СДСМ излегоа со ургентна „контра“ на стравот на вмровци.
„Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од сопствената криминална матрица, која ја градеше цела деценија врз грбот на граѓаните! Времето во кое се договараа провизии, се местеа тендерски постапки, се монтираа судски случаи и се спороведуваше селективна правда – ЗАВРШИ!
Општина Штип работи согласно законските норми и прописи во Република Македонија. Од таа пракса, нормално не е исклучок ниту постоечкото лизгалиште, за кое имаме јавна набавка – транспарентна и отворена за учество на секој заинтерсиран правен субјект кој ги исполнува тендерските услови.
Лизгалиштето кое во моментов е поставено, е на барање и комплетен трошок
на фирмата во чија сопственост е истото. Сето тоа е во интерес на времето, граѓаните да имаат дополнителна опција за забава во претпразничниот период“, изјавија од СДСМ.