Првороденото бебе во штипската Клиничка болница е женско, родилката е Тања Николовска од Македонска Каменица
Штип, 03.01.2019
Тања Николовска, 35 години, од Македонска Каменица, на 1 јануари 2019 година, во 02,45 часот роди ќерка па во Новата година Штип и регионот влегоа со првородено женско бебе.
Новороденчето е со тежина од 3.500 грама и должина од 45 сантиметри. Породувањето го има извршено гинекологот доктор Станка Велкова и тоа поминало во најдобар ред.
На среќната мајка ова и е трето дете, па малата принцеза од рударскиот град Македонска Каменица ќе живее во друштво на братот и сестрата.
Во првите три часа од Новата година Македонска Каменица доби три принови. Сите три се женски. Две се родени во Скопје, едно бебе ре родено во Штип. Градоначалничката Стаменова вели дека за нивната општина тоа значи дека ќе имаат мошне плодна година.
Инаку, во последните пет години 2018 е година со најмалку новородени бебиња во Клиничката болница во Штип. Минатата година родени се 878 бебиња, во 2017 – 929, во 2016 – 917 и во 2015 година 947 бебиња.
Градоначалникот на Штип
Соња Стаменкова, градоначалничка на Македонска Каменица вели дека бебето родено во Штипската болница не е и првородено бебе во Новата година од нивната општина.
„Првото бебе од нашата општина во оваа година е родено во Скопје, во 02,00 часот. Во Скопје ни се роди уште едно бебе, а куриозитет е што сите три новородени бебиња се женски, вели Стаменкова.